Top Sport

Михајловиќ и наредната сезона ќе ја предводи Болоња

Синиша Михајловиќ и наредната сезона ќе ја предводи Болоња во Серија А, потврди клубот.

Михајловиќ, на состанокот со клупските челници, добил гаранции дека клубот ќе се засили во летниот преоден рок, со што ќе може да се вмеша во борба за позициите кои носат пласман во европските купови.

Српскиот тренер, изминатите денови се поврзуваше со Лацио, како замена за Симоне Инзаги кој се пресели во Интер.

„Среќен сум што ќе остане во Болоња и наредната сезона. Ќе го почитува договорот кој го има со клубот“, рекол спортскиот директор на Болоња, Валтер Сабатини.

Договорот на Михајловиќ со Болоња истекува во јуни 2023 година. Болоња сезоната во Серија А ја заврши на 12 место.

Scroll to Top