Top Sport

Михајловиќ: Ибра ми е како брат, го сфаќам зошто потпиша со Милан

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека Златан Ибрахимовиќ му е „како брат“, но дека сфаќа зошто тој ја одбил понудата на неговиот тим и потпишал за Милан.

Златан се врати во Италија овој месец по седум години по крајот на договорот со Лос Анџелес галакси, а покрај Милан за него беа интересирани и Болоња, посебно поради односите на Михајовиќ со Швеѓанецот од времето кога беа заедно во Интер.

„Ибра е како брат. Како фудбалери се судиравме, а потоа станавме пријатели. Ми беше жал што не дојде во Болоња, но сфаќам зошто го избра Милан. Сепак, со нас повеќе ќе се забавуваше. Имаме сличен карактер и среќен сум што дојде повторно во Италија. Се надевам дека нема да игра против нас за да имаме еден проблем помалку“, вели Михајловиќ при гостувањето во италијанското ТВ-поу, „Верисимо“.

Scroll to Top