Top Sport

Михајловиќ: Јас му завршувам пола работа на Монтела

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ на шега вели дека би сакал тој еднаш да го „наследи“ Винченцо Монтела, бидејќи вака му остава „пола работа завршена“.

Монтела од 2012 до 2015 беше тренер на Фиорентина, а неодамна се врати како замена за Стефано Пиоли, а „Л’Аеропланино“ претходно му ја презеде работата на Михајловиќ во Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан. Двајцата тренери денеска се на пресметка на „Артемио Франки“.

„Помеѓу нас двајца има толку ’преоди’ и тој беше тренер на речиси истите тимови како јас. Би сакал еднаш да дојдам во клуб после него, бидејќи вака му оставам пола работа завршена, на физичко и ментално ниво“, вели Михајловиќ.

Ова ќе биде деби на Монтела на клупата на Виола, но Србинот не очекува изненадувања.

„Го познавам многу добро, тој игра со тројца назад, но се брани со четири фудбалери и мислам дека нема да има големи изненадувања“, вели Михајловиќ.

Scroll to Top