Top Sport

Македонија извиси за вајлд карта за СП, профитираа Полска и Русија

Светската ракометната федерација (ИХФ) ги додели двете вајлд карти за Светското првенство што идната година во јануари ќе се одржи во Египет, но Македонија не е меѓу среќниците. Привилегирано учество на Мундијалот ќе има за Полска, односно за Русија.

Иако Македонија, според резултатите од последниот европски шампион, беше најблиску до вајлд картата, сепак челниците на светскиот ракомет не мислеа така.

„ИХФ доби апликации за вајлд-карта од неколку федерации. При решавање и носење на одлука во целиот процес земени беа предвид генералниот развој на ракометот во конкретната земја, глобалниот ефект врз ракометот кој би го имало доделувањето на вајлд-карта на конкретната земја, но исто така и економските причини, особено во време на Ковид-19“ – велат од ИХФ.

Полска на последното ЕП заврши на 21 место, а Русија беше една позиција зад нив.

Иако во Македонија ракометот е спорт број 1, сепак ИХФ бара „голем пазар“, а нашата земја не е тоа.

Македонија ќе пропушти Мундијал првпат по цели 10 години. Последен пат отсуствувавме од СП во Шведска, во 2011 година.

Scroll to Top