Смртта на Диего Марадона ги потресе љубителите на фудбалот ширум светот, а за неговите остварувања свој коментар даде и српскиот тренер во Болоња, Синиша Михајловиќ. Тој открива дека на својот напаѓач во клубот, Муса Бароу му покажал снимка од меч на Марадона да му покаже колку тој бил агресивен за да ја зачува топката.
„Тажен сум поради Диего. Размислував за него и за тоа каков може да биде животот. Не сакам веќе да видам ниту еден обид за лоб удар или некои чудни работи пред голот. Пред голот си и шутираш, тоа е тоа. Му пуштав во петокот документарен филм за Марадона, за да му покажам зошто тој беше најдобриот на сите времиња. Беше познат по дриблинзите и головите, но се враќаше и до својот шеснаесетник за да ја земе топката, се бореше буквално за секоја топка. Беше цврст, секогаш притискаше. Ако Марадона го можеше тоа, го можеш и ти, го можат сите“ му порача Михајловиќ на својот напаѓач.