Синиша Михајловиќ вели дека одбил „две-три“ понуди од Италија да се врати на тренерското место, бидејќи сака искуство во Европа или Азија, додавајќи дека му е помалку смачено од Апенинскиот Полуостров.
Поранешниот тренер на Фиорентина, Болоња, Миан и Торино требаше да стане тренер на португалскиот гигант Спортинг оваа сезона, но по само неколку дена беше отпуштен поради промена на претседателот кој го ангажираше. Тој е вклучен во тужба против Спортинг во која најверојатно ќе добие голема отштета.
„Одбив две-три понуди од Италија бидејќи сакам искуство во Европа или Азија. Малку ми е смачено од Италија. Можеби ќе се вратам за пет-шест години. Имав и понуди од други земји, но поради една или друга причина не се остварија“, вели Србинот во интервју за „Скај Италија“.
Тој поголемиот дел од својата кариера ја помина во Италија, во Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, а исто така е и женет со Италијанка. Токму затоа ова „смачување“ е повеќе преносно, бидејќи признава дека ќе го гледа Дерби дела Мадонина меѓу Интер и Милан следниот викенд.
„Тоа е секогаш посебен натпревар и обично фаворитот губи, но овојпат нема фаворит. Се надевам дека ќе гледаме убав натпревар на полн стадион. Во Милан е помалку фуриозно отколку во Рим, така што ќе навивам за двата клуба. Можеби едно реми. Римското дерби? Тука секогаш сум навивал за Лацио“, вели Михајловиќ.
Фото: ЕПА