Top Sport

Михајловиќ: Немаше да сме каде што сме ако Златан дојдеше во Болоња

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ пред саботната пресетка со лидерот во Серија, Милан зборуваше за неговиот пријател, голгетерот на „Росонерите“, Златан Ибрахимовиќ.

„Што ќе беше денес ако Ибра ја избереше Болоња? Сигурно немаше да сме каде што сме сега, но тој го одбра Милан и среќен сум поради него. Сепак, и да дојдеше ќе ми беше жал штонавивачите на Болоња немаше да можат да го гледаат на стадион“ рече Михајловиќ.

Србинот пред новинарите му се закани на лидерот на табелата пред викенд пресметката.

„Милан нема добро да си помине. Сепак, тие заслужуваат да се тука каде што се. Пиоли работи одлична работа. Знам што може Ибра да и овозможи на целата екипа“ вели популарниот Миха.

Scroll to Top