Top Sport

Силвер останува комесар на НБА до 2024 година

Националната кошаркарска асоцијација (НБА) го продолжи договорот на својот комесар Адам Силвер до сезоната 2023/24, објави лигата. Финансиските услови на договорот не се објавени.

56-годишниот Силвер ја предводеше лигата во време на финансиски успех и „мир“ со кошаркарите и синдикатот на играчите.

Силвер, кој работеше во НБА од 1992 година, од 2006 до 2014 година беше заменик комесар и генерален директор на лигата. Тој стана петти комесар на НБА во февруари 2014, заменувајќи го долгогодишниот комесар Дејвид Стерн, кој 30 години беше на чело на лигата.

Фото: ЕПА

Scroll to Top