Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ се вратил во болница на анти-вирусна терапија. Како што пренесуваат италијанските медиуми ваквата терапија била неопходна по трансплантација на коскената срцевина.
Српскиот тренер од јули се бори со леукемијата, а по три циклуси на хемотерапија му била извршена трансплантација на коскената срцевина.
Во соопштението од болницата Санторсол навеле дека Михајловиќ нема долго да се задржи кај нив.
Синиша Михајловиќ, поради силниот дожд, од трибините го следел првото полувреме помеѓу СПАЛ и Болоња. Кога дождот престанал тој им се приклучил на членовите на својот стручен штаб.