Top Sport

Густата магла причина за падот на хеликоптерот?

Хеликоптерот во кој имало девет лица, вклучувајќи ги Коби Брајант и неговата ќерка, летал и покрај густата магла, поради која биле приземјени и полициските хеликоптери што го надлетуваат Лос Анџелес.

Леталото се урна вчера во 10 часот по локално време во местото Калабасас.

Податоците од контролата на летото од аеродромот Бурбанк покажале дека пилотот малку пред 10 часот контактирал со контролорите. Се додава дека хеликоптерот во 9:40 часот полетал кон и се урнал пет минути по полетувањето.

Група велосипедисти забележале чад и веднаш ја алармирале полицијата.

Податоците на сервисот за следење на летовите покажале дека проблемите кај хеликоптерот се појавиле над Зоолошката градина во Лос Анџелес и дека потоа кружел на мала висина додека временските прилики се влошувале.

Полицијата потврди дека покрај пилотот загинале славниот кошаркар Коби Брајант неговата 13 годишна ќерка Џијана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерка Алиса и кошаркарскиот тренер Кристина Мосер.

Scroll to Top