Top Sport

Михајловиќ: Се надевам дека најлошото е зад мене

Српскиот тренер на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека се чувствува посилно со секој нареден ден по борбата со леукемијата и трансплантацијата на коскена срж, и се надева дека најтешките денови се веќе зад него.

На Михајловиќ му беше дијагностицирана леукемијата пред една година, и денеска на посебна церемонија на стадионот на Болоња, „Ренато Дал’Ара“ водеше кампања за барањето на донатори на коскена срж.

„За донаторот тоа е мала работа, но замислете го чувството кога знаете дека сте спасиле човечки живот. Сега се чувствувам добро, многу сум посилен од претходно. Поминаа седум месеци од трансплантацијата и се надевам дека најлошото е зад мене. Ќе ми биде потребна уште една година да се вратам во нормала. Сега можам да истрчам 10 километри, да кревам тегови, но важно е да го слушаш телото и да не се обидуваш да бидеш херој“, вели Михајловиќ.

Scroll to Top