Top Sport

Хабиб наскоро со „голема“ објава за неговата иднина

УФЦ „кралот“ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов им вети на своите фанови вести околу неговата иднина „наскоро“, по откажувањето на закажаната пресметка со Тони Фергусон во април.

Ова беше петти пат Хабиб и Фергусон да бидат „закажани“ за меч, но пропадна откако Дагестанецот остана „заглавен“ во Русија поради корона вирусот, а Џастин Гетџи го шокираше Фергусон со нокаут во петтата рунда.

Со оваа победа, Гетџи доби шанса да биде официјалниот предизвикувач на „дагестанскиот орел“, а Хабиб во вторникот преку Инстаграм фотографија со неговите сонародници Зубаира Тухугов и Абубакар Нурмагомедов прати јасна порака.

„Овие двајца се мачеа цело лето и ќе се вратат во септември и сакам да им посакам среќа. За мојата иднина, ќе има објава наскоро“, вели Нурмагомедов.

Покрај корона вирусот, Хабиб имаше и семејни проблеми, откако неговиот татко и тренер, Абдулманап доби мозочен удар и се опоравува во клиника во Москва.

Scroll to Top