Српскиот тренер на Торино, Синиша Михајловиќ беше збунет кога беше запрашан која е Ана Франк, откако навивачите на Лацио ја искористија за навреди кон навивачите на Рома.
Контроверзните навивачи на Лацио искористија стикери со ликот на Франк, авторката на славниот трагичен дневник од Втората светска војна, по што италијанската федерација реши денеска мечевите да почнат со цитат од нејзиниот дневник, а Лацио реши дел од своите фанови да ги носи на посета на Аушвиц за да научат повеќе за ужасите на анти-семитизмот. Меѓутоа, Михајловиќ беше целосно збунет.
„Навивачите на Лацио ја нападнаа Ана Франк со дрес на Рома? Не знам ништо за тоа. Која е Ана Франк?“, изјави Михајловиќ на прес-конференцијата пред мечот меѓу Торино и Фиорентина.
Кога новинарот му објасни дека Франк е еврејско девојче кое се криело од нацистите во Амстердам за време на Втората светска војна, Михајловиќ, кој играше за Лацио од 1998 до 2004 година, остана збунет.
„Навистина не знам, не сум упатен во таа тема“, додаде Михајловиќ.
Пред италијанските мечеви ќе се чита дневникот на Ана Франк!