Top Sport

Работнички го доби дербито, трет пораз во низа за Вардар!

Темпото на натпреварувања очигледно не му одговара на македонскиот шампион Вардар, откако „црвено-црните“ го доживеаја третиот пораз во низа, овојпат од Работнички со 3:1 во градското дерби.

Победата ја најави Сержињо со гол во 17. минута, но Вардар успеа да израмни преку Дејан Блажевски од пенал во 70. минута од мечот. Само три минути подоцна имаше пенал од другата страна и Остоја Стјепановиќ ги доведе „романтичарите“ во ново водство, пред Миле Тодоров во 82. минута да го постави конечниот резултат.

Со овој пораз, се зголемува притисокот на тренерот на Вардар, Јаневски, бидејќи се работи за трет загубен натпревар во низа – по катастрофата против Реал Сосиедад во Скопје (0:5), дојде поразот кај Победа на гости (0:1) во неделата. Вардар е трет на табелата со 19 поени, дури 9 помалку од лидерите Шкендија, иако шампионот има уште два неодиграни натпревари.

Најинтересен меч се одигра во Струмица, каде што Академија Пандев имаше водство од 2:0 против Шкендија, пред тетовци да израмнат на 2:2 со одличната игра во второто полувреме. Сепак, победата на „академците“ беше осигурана во 90. минута со голот на Чешмеџиев, и тие сега се само седум поени зад Шкендија со еден меч помалку од ривалите.

Пелистер загуби добиен меч со Силекс, откако кратовци се вратија од 1:0 на полувреме за конечни 2:1, Ренова го декласираше Скопје со 5:1, додека Шкупи беше подобар од Победа со 1:0.

1.МФЛ, 12. КОЛО

Академија Пандев – Шкендија 3:2 (1:0)

Пелистер – Силекс 1:2 (1:0)

Работнички – Вардар 3:1 (1:0)

Ренова – Скопје 5:1 (0:0)

Шкупи – Победа 1:0 (0:0)

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 28, 2.Академија Пандев 21 (-1), 3.Вардар 19 (-2), 4.Силекс 18, 5.Шкупи 15, 6.Ренова 14, 7.Работнички 13 (-1), 8.Пелистер 12, 9.Победа 12, 10.Скопје 6.

Фото: ФК Вардар/ФК Шкендија

Scroll to Top