Пред тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ е еден од клучните периоди во борбата со акутната леукемија.
Како што пишува „Кориере дела Болоња“ се вратил во болницата на клучниот дел од лекувањето, третата фаза од хемотерапијата.
Во болницата би требало да се задржи околу шест недели поради што од болничката постела ќе ја води Болоња, односно ќе биде во стална комуникација со членовите на стручниот штаб.