Полицијата го спречила тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, физички да се пресмета со еден навивач на Лацио. Инцидентот се случил во близина на стадионот „Олимпико“ во Рим, пред почетокот на финалниот меч во Купот на Италија помеѓу Лацио и Аталанта.
Тензично било пред мечот на „Олимпико“, откако хулиганите на Лацио се судриле со полицијата. Во исто време камерите го забележале инцидентот во кој еден од навивачите на Лацио вербално го навредувал Михајловиќ кој тргнал физички да се пресмета со него.
Михајловиќ во кариерата шест години бил играч на Лацио (1998-2004) и за овој клуб има одиграно 126 натпревари. Србинот во моментов работи како тренер во Болоња.
Coppa Italia, finale #LazioAtalanta. #mihajlovic all'esterno dello stadio reagisce agli insulti pic.twitter.com/cO646IIx29
— Rainews (@RaiNews) May 15, 2019