Top Sport

Михајловиќ за човекот кого го замени: Пипо сега има поинаков пристап кон фудбалот

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ пред денешниот меч со Беневенто, вели дека Филипо Инзаги „еволуирал“ како тренер и дека го сменил начинот на кој гледа кон фудбалот.

Инзаги минатата година доби отказ од Болоња, и Михајловиќ се врати на клупата за да помогне клубот да опстане во Серија А, по што минатата сезона го „крена“ клубот на повисоко ниво и покрај неговата болест.

„Се случува на секого да добие отказ. Но, сега тој е подобар тренер. Најважното е да се учи од грешките во минатото и може да се забележи дека тој го смени своето гледиште кон фудбалот. Беневенто доминираа во Серија Б минатата сезона, но Серија А е поинаква. Ги почитуваме, но ќе одиме на победа“, вели Михајловиќ.

Scroll to Top