Top Sport

Михајловиќ: Златан сигурно не останува во Милан

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ вели дека е 100 отсто сигурен дека Златан Ибрахимовиќ нема да остане во Милан по крајот на сезоната.

Михајловиќ, кој му беше тренер на Златан во Интер, вели дека добил уверување од Швеѓанецот дека ќе биде слободен агент по крајот на шестмесечниот договор со „росонерите“ за кои имаше само осум настапи пред паузата поради корона вирусот.

„Тој ми се јави пред неколку дена и ќе видиме што ќе одлучи на крајот на летото. Сигурно нема да остане во Милан, останува да се види дали ќе дојде кај нас во Болоња, или ќе се врати во Шведска“, вели Михајловиќ.

38-годишниот ветеран е ко-сопственик на клубот Хамарби, со кој тренираше во текот на карантинот поради корона вирусот.

Scroll to Top