Top Sport

Чеферин: Европската фудбалска сезона ќе заврши во август

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека европската федерација очекува крај на фудбалската сезона 2019/20 во август, вклучувајќи ги и Лига Европа и Лигата на шампиони.

Огромното мнозинство на европски лиги беа прекинати во март поради пандемијата на корона вирусот, но овој викенд се врати Бундеслигата, а планови за враќање има во Англија, Италија и Шпанија, но лигите во Франција, Холандија и Белгија веќе беа прогласени за завршени.

„Можам да кажам дека европската фудбалска сезона ќе заврши во август. Така изгледа засега и очекувам мнозинството на шампионати да ја завршат сезоната. Тие кои нема да го направат тоа, ќе мораат да играат квалификациски мечеви ако сакаат да учествуваат во европските натпреварувања“, вели Чеферин во интервју за „БеИН спорт“.

Пари Сен-Жермен и Лион уште се во игра во Лигата на шампионите, но во Франција се забранети сите спортски мечеви до 1 септември.

„Тие ќе мораат да играат во Франција, а ако не биде можно, тогаш ќе мораат да бараат неутрален терен. Тоа не е во наша моќ, иако не сфаќам зошто француските власти не би можеле да дозволат меч без публика“, додава Чеферин.

Scroll to Top