Top Sport

Мијатовиќ: Халанд ќе игра за Реал Мадрид, не ме прашувајте од каде ми е информацијава

Предраг Мијатовиќ, поранешен напаѓач на Реал Мадрид (1996 – 1999) и негов спортски директор (2006 – 2009), е сигурен дека Ерлинг Халанд (24) еден ден ќе заигра за „кралскиот клуб“. За потсетување, Халанд пред еден месец го продолжи договорот со Манчестер сити до летото 2034 година.

Мијатовиќ при гостувањето на телевизијата „Ел Чирингито“ ја коментираше ситуацијата на пазарот на играчи и истакна дека Норвежанецот би можел да дојде на „Бернабеу“ и покрај договорот што го потпиша со Сити.

„Мислам дека тоа ќе се случи. Тој не го кала тоа јавно, но од сигурен извор знам дека би сакал да биде играч на Реал Мадрид. Го знам тоа. Не ме прашувајте како знам, но знам“.

Халанд, на „Етихад“ дојде во 2022 година од Борусија Дортмунд, откако англискиот клуб му ја активираше клаузулата во договорот и го доведе за 60 милиони евра. Претходно за Дортмунд одигра 89 натпревари, постигнува 86 гола и забележа 23 асистенции.

Scroll to Top