Top Sport

Мијатовиќ: Азар не заслужува да биде стартер

Поранешниот фудбалер и спортски директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, смета дека Еден Азар не заслужува да биде во стратната постава на „кралскиот клуб“.

Според Мијатовиќ, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, треба да го преиспита својот однос кон фудбалерот.

„Азар не треба да игра во првата постава. Но, одлуките ги носи Зидан, тој го гледа на тренинзите. Реал игра добро и без Азар, тоа е она што загрижува“, изјавил Мијатовиќ за „Ел Ларгуеро“.

Белгиецот, во 2019 година, пристигна во Реал од Челси. Клубот издвои повеќе од 100 милиони евра за неговиот трансфер.

Азар и оваа сезона има многу проблеми со повредите, во Ла Лига одигра само пет натпревари.

Scroll to Top