Top Sport

Рома против Специја изврши шест измени

Рома, по поразот во дербиот на Рим, од лацио, синоќа доживеа уште еден тежок пораз. „Волчицата“, го заврши учеството во Купот на Италија. Рома, на домашен терен, доживеа елиминација од Специја (2:4).

Рома, успеа да се врати во мечот по минусот од 0:2, меѓутоа во самиот финиш останаа без двајца играчи, што Специја го искористи и со два гола се пласира во наредната фаза.

Покрај лошата игра и елиминацијата од Купот, покрај играчите на удар е и клупската администрација.

Во текот на мечот, Рома изврши шест измени, иако во Италија со новите правила кои важат поради пандемијата со коронавирусот, се дозволени пет. Некој во Рома веројатно си помислил дека и во Купот важат правилата на ФИФА, која доколку мечот влезе во продолженија дозволува уште една измена.

Ова е втор пат сезоната, администрацијата на клубот да прави ваква грешка. Во првото коло Рома одигра 0:0 во Верона, меѓутоа остана без еден бод, бидејќи Амаду Дијавара поради суспензија немал право да игра.

За синоќешниот пропуст Рома нема да добие казна, бидејќи испаднаа од Купот.

Scroll to Top