Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ вели дека Герет Бејл ги нема квалитетите на лидер на тимот кој сега му е потребен на „кралскиот клуб“ по заминувањето на Кристијано Роналдо.
Бејл во четвртокот повторно се повреди и беше изваден од игра на полувреме од мечот со Вилјареал, кој на крајот заврши 2:2. Ова беше 11. Пат оваа сезона, велшкиот репрезентативец да биде заменет во Ла лига и 15. пат во сите натпреварувања по постојаните проблеми кои што ги имаше со проблемите последните три сезони.
Мијатовиќ, херојот на Реал кој ја обезбеди првата титула во Лигата на шампионите по 32 гола во 1998 година откако го постигна единствениот гол во финалето со Јувентус, вели дека по заминувањето на Роналдо во Јувентус има „празнина“ во тимот.
„Вистинска штета за Бејл. Тој ми се допаѓа, но не е ниту блиску до лидер во тим како Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано. Загрижувачки е што постојано се повредува“, вели Мијатовиќ за „Ел ларгуеро“.
Мијатовиќ вели дека е зачуден од замените кои ги направи тренерот Сантијаго Солари во мечот со Вилјареал, каде што Санти Казорла го постигна израмнувачкиот гол во 82. минута. Лука Модриќ, кој имаше грип пред мечот, беше заменет со Федерико Валверде по 64 минути, а Винисиус Жуниор влезе во игра на местото на Тони Крос.
„Ако фудбалерот го стартува мечот и се чувствува добро, пушти го да продолжи. Друго е ако тој побара да биде заменет. Не разбирам. Не сфаќам зошто Модриќ беше повлечен од игра, исто како и Крос. Тешко е да се гледа Реал оваа година. Беа добри во првото полувреме, а потоа имаше катастрофално второ полувреме без игра. Дали ќе донесат засилувања во јануари? Тешко е да се купи квалитетен фудбалер сега“, додава Мијатовиќ.