Top Sport

Мијатовиќ и Валдано „удрија“ по Реал, ‘Марка’ тврдат дека најлошото допрва ќе дојде

Реал Мадрид се наоѓаат под жестоки критики по синоќешниот пораз во Париз, од Пари Сен Жермен (3-0), во Лигата на шампионите. Фановите, медиумите, аналитичарите, поранешните играчи се шокирани од безидејноста и анемичноста на фудбалерите предводени од тренерот Зинедин Зидан.

Поранешниот фудбалер на Реал, кој во еден период ја обавувал и функцијата спортски директор, Предраг Мијатовиќ и пред почетокот на сезоната предупредувал дека Реал ќе се соочуваат со проблеми.

„Не очекував ваква игра, верував дека ќе играат подобро. ПСЖ ги надиграа, ова делува дека ќе оваа сезона ќе биде иста како минатата“, рекол Мијатовиќ.

„Од првата минута Реал не беа во натпреварот и кога на противникот ќе му го дозволите тоа, тогаш сите противнички играчи делуваат феноменално. Не мислам дека Зидан може да најде други решенија и да го подигне тимот“.

Медиумите се уште пожестоки во своите критики. Според нив само Бејл се обидувал да направи нешто, а Азар велат дека само шетал по теренот. Куртоа го критикуваат дека повторно примил кикс-гол и дека поради тоа последен се смее Кејлор Навас кој поради Белгиецот замина во ПСЖ.

Еден од поранешните директори, Хорхе Валдано, смета дека Реал нема добар тим и дека сега се забележува дека преодниот рок и покрај потрошените над 300 милиони евра бил лошо сработен. Вадано сменат дека на Реал му треба „свежа крв“ во редот за врска.

„Најлошото допрва ќе дојде“, пишува весникот „Марка“.

Медиумите на Зидан му забележуваат дека единственото што знае да го направи е да го растовари тимот, но не знаел да ги стегне и да биде тој што ќе повлече кога на тимот не му оди.

Медиумите одат до таму што предвидуваат дека доколку за десет дена Реал не го добие градското дерби со Атлетико, дека тогаш Зидан ќе добие отказ. Тие за негов наследник веќе го прогласија Жозе Мурињо.

Scroll to Top