Top Sport

ФИБА-листа: Македонија е на 53 место

Кошаркарската репрезентација на Македонија назадуваше за дури 11 позиции на најновата ранк-листа, што Светскта кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави една недела по завршувањето на Светскиот шампионат.

На листата на ФИБА, Македонија од четвртокот е на 53 место во светот, а во својата зона, ФИБА Европа е сместена на 29 место.

Македонската репрезентација е меѓу петте селекции што на ова рангирање забележале најголем пад на листата. Покрај Македонија која назадува за 11 места, пласманот си го расипале Јамајка за 15 места, Латвија и Финска за назадувале 15, а Мексико 13 позиции.

На врвот на листата нема промени. Иако доживеаја дебакл на СП во Кина, први се Американците, а зад нив се светски шампиони Шпанците. Австралија скокна осум места и се наоѓа на третата позиција, пред Аргентина, Франција, Србија, Грција, Литванија, Русија и Чешка.

фото/ kfsm.mk

Scroll to Top