Top Sport

Мијатовиќ: Реал Мадрид се ослободи од голем проблем со Бејл

Герет Бејл се „откажал од борбата“ за место во Реал Мадрид и со неговото заминување во Тотенхем „кралевите“ ќе решат голем проблем вели поранешниот напаѓач на клубот и фудбалски директор на клубот, Предраг Мијатовиќ.

Се верува дека Реал се многу блиску до договор со Тотенхем за продажба на Велшанецот во клубот од каде што го купија за (тогаш) рекордна сума во 2013 година и Мијатовиќ смета дека тоа е одлична вест за сите страни.

„Мадрид ќе се ослободи од голем проблем со Бејл. За него исто така е важно да игра и ќе го оствари тоа. Односите со Зинедин Зидан беа лоши и тој едноставно престана да се бори за место. Не знам кој е виновникот. Герет Бејл може да игра фудбал, но не во Реал Мадрид. Еден ден ќе даде интервју и ќе каже како ги поминал овие седум години“, вели Мијатовиќ, кој никогаш не бил поддржувач на напаѓачот.

Scroll to Top