Предраг Мијатовиќ се приклучи на низата поранешни фудбалери на Реал Мадрид кои се јавија по смртта на поранешниот претседател на клубот, Лоренцо Санз, велејќи дека се работи за еден од најтажните денови во неговиот живот.
Санз го донесе Мијатовиќ на „Сантијаго Бернабеу“ градејќи тим кој во 1998 година ја освои титулата од Лигата на шампионите, кога токму Црногорецот го постигна победничкиот гол против Јувентус.
„Да си замине вака, без да можам да се збогувам е навистина тешко и тажно. Ова е еден од најтажните денови во мојот живот. Бев во постојан контакт со неговиот син Фернандо последните денови и знам низ што поминуваа, бидејќи не смееја да зборуваат со него поради изолацијата. Не ми се верува. Го сметам како татко и имав толку љубов за него, бидејќи беше важен човек во мојот живот. Од време на време ќе се сретневме и ќе отидевме на ручек. Во животот има луѓе кои оставаат печат на твојот живот“, изјави Мијатовиќ.