Top Sport

Микел: Салах беше многу блзок со Жота, затоа денес не личи на себе

Поразот на Ливерпул од 3:2 кај Брентфорд ги остави актуелните шампиони седум бода зад лидерот во Премиер лигата, Арсенал, што покренува сомнежи за нивниот успех во одбраната на титулата.

Поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Џон Оби Микел, верува дека проблемите на тимот се поврзани со емоционалните последици од трагичната смрт на Диого Жота во сообраќајна несреќа минатиот јули.

Зборувајќи во подкастот „The Obi One“, Микел рече дека смртта на Жота длабоко го погодила тимот, особено Мохамед Салах, кој бил особено близок со Португалецот. Тој нагласи дека фудбалерите поминуваат голем дел од своите животи заедно и дека загубата на соиграчите остава трајни емоционални лузни кои влијаат на перформансите.

„Не смееме да заборавиме дека во клубот се случи голема трагедија што никој не ја очекуваше. Како фудбалери, поминуваме повеќе време со нашите соиграчи отколку со нашите семејства бидејќи сме заедно во соблекувалната секој ден.

Загубата на толку важна личност секогаш ќе остави трага врз играчите. Не е важно колку добро ја започнале сезоната или колку се талентирани – нешто такво ве погодува емотивно и останува со вас.

Според мене, што и да се случува во клубот во моментов, емоциите се сè уште многу свежи. Кога ќе го погледнете Салах, кој беше многу близок со Жота, можете да видите дека тој е само бледа сенка од играчот што беше минатата сезона. Затоа мислам дека мора да бидеме повнимателни и поразбирливи кога го критикуваме овој тим на Ливерпул.“

Scroll to Top