Новиот италијански првак Милан нема да дозволи да се раздели со Рафаел Леао, офанзивецот кој се претвори во херој на „росонерите“ и постигна многу важни голови во трката до „скудетото“. За него се интересираат Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, а раководството на Милан ќе бара отштета од 150 милиони евра за негов евентуален трансфер.
Рафаел Леао има договор до јуни 2024 година, а на 34 натпревари оваа сезона постигна 11 гола и имаше 10 асистенции. Тој беше асистент на сите три гола за Милан во последното коло при триумфот од 0:3, по што титулата конечно се врати на „Сан Сиро“.