Top Sport

Милан Барош со дивјачки удар со лакт (видео)

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Милан Барош се најде во центарот на вниманието во родната Чешка република, откако доби црвен картон за дивјачки удар со лакт на противник на дербито меѓу Баник Острава и Славија Прага.

36-годишниот Барош сега игра за Баник, и уште во 15. минута од мечот, реши да го „покоси“ својот противник. Судијата Онджеј Берка прво му даде жолт картон, за по консултација со ВАР-системо да добие заслужен црвен картон. На Барош одлуката не му се допаѓаше и тој протестираше и удираше по работи заминувајќи од теренот.

Баник, сепак, стигна до 2:1 победа.

Scroll to Top