Top Sport

Валверде стана светски шампион на 38 години! (видео)

Шпанскиот ветеран Алехандро Валверде, конечно, стана светски шампион во Инсбрук, победувајќи го Французинот Роман Барде и Канаѓанецот Мајкл Вудс во трилер-завршница на уличната трка.

По две сребра и четири бронзи, 38-годишниот Валверде ја обезбеди маичката со боите на виножитото на трката од 258.8 километри во Австрија, откако ја доби битката на четири велосипедисти и победи со еден велосипед предност пред Барде и Вудс, додека Холанѓанецот Том Думулин остана без медал.

Актуелниот шампион, Словакот Петер Саган, кој одеше на рекордна четврта титула во низа, беше оставен од главната група на 90 километри пред крајот, пред да се откаже од трката. Тој потоа му ја предаде маичката и златниот медал на емотивниот Валверде.

Со 38 години, 5 месеци и 5 дена, Валверде е вториот најстар шампион во историјата по Холанѓанецот Јоп Цетемелк, кој во 1985 година победи на 39 години. Овој триумф доаѓа 15 години по неговото сребро на СП во 2003 година, по што освојуваше сребро во 2005 во Мадрид и четири бронзи: Салцбург (2006), Фалкенбург (2012), Фиренца (2013) и Пондерада (2014).

Scroll to Top