Top Sport

На Скот Паркер му се заканува втор отказ во една сезона

Англискиот тренер Скот Паркер признва дека е пред отказ во белгискиот Клуб Бриж само три месеци откако дојде на чело на клубот, што би претставувал втор отказ за поранешниот фудбалер на Челси, откако доби „клоца“ од Борнмут во Премиерлигата

Бриж има само две победи во 11-те меча во кои Паркер е на чело на клубот, а неговата позиција стана екстремно нестабилна по 3:0 поразот од Остенде, клуб кој се бори за опстанок во белгиската лига. Паркер доби отказ во Борнмут во август по понижувачкиот 9:0 пораз од Ливерпул.

„Не сум сигурен дали ќе останам, тоа е прашање на кое треба да дадат одговор газдите на клубот“, изјави Паркер во саботата.

Бриж се на четвртото место во Јупилер лигата, но со огромни 20 поени зад лидерот Генк.

Scroll to Top