Челниците на фудбалскиот клуб Милан сериозно ја разгледувале опцијата, по завршувањето на сезоната, да го вратат во Јувентус, Гонзало Игуаин, тврди Кориере дело спорт.
Според овој извор, Милан ќе се обидат да ја спуштат цената на Аргентинецот, а доколку во тоа не успеат, тогаш ќе се подготвени да ја прекинат соработката.
Пипита, во летниот преоден рок пристигна во Милан, откако Јувентус го договори Кристијано Роналдо. Милан за неговата позајмица платиле 18 милиони евра, а во договорот меѓу клубовите постои опцијата, Милан да го откупи за 36 милиони евра.
Сепак, новиот генерален директор Иван Газдис смета дека договорот на Игуаин не треба да биде откупен, бидејќи во тој случај клубот ќе треба да му плаќа девет милиони (нето) годишна плата до 2021 година. За Газдис тоа се многу пари за фудбалер што веќе има 31 година.
Газдис бил подготвен да преговара со Јувентус за намалување на откупната цена, но ќе треба да преговара и со фудбалерот за намалување на неговата плата.
Игуаин има постигнато седум гола на досегашните 13 натпревари за Милан.