Претседателот на Милан, Паоло Скарони смета дека неговиот тим треба да добие благодарам од француската репрезентација бидејќи го „ревитализирале“ ветеранот Оливие Жиру, кој формата од шампионскиот тим на „росонерите“ ја префрли и на Мундијалот во Катар.
Малкумина очекуваа дека 36-годишниот Жиру воопшто ќе биде стартер за тимот на Дидие Дешам во Катар, но по повредата на Карим Бензема, тој ја презеде одговорноста, постигнувајќи четири гола на СП, вклучувајќи го и победничкиот во четврт-финалето против Англија. Скарони беше презадоволен.
„Тој игра навистина добро и мислам дека се во полуфиналето поради неговите заслуги. Ние го ревитализиравме и тој најде нова мотивација која ја пресели и во репрезентацијата“, вели Скарони за „Скај спорт Италија“.
Жиру пристигна во Милан од Челси за помалку од 3 милиони евра во текот на летото 2021 и стана лидер на „росонерите“ посебно по повредата на Златан Ибрахимовиќ. Тој има 9 гола и 5 асистенции во 19 меча во Серија А и Лигата на шампионите оваа сезона.
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) December 11, 2022