Top Sport

Милан ги донесе Кастилехо и Лаксалт

Напаѓачот на Вилјареал, Самуел Кастилехо и бекот на Џенова, Диего Лаксалт се нови засилувања на Милан на неколку часа пред крајот на преодниот рок во Италија, додека сите очекуваат дали „росонерите“ ќе успеат во амбициозниот план да го донесат и Сергеј Милинковиќ-Савиќ на „Сан Сиро“.

Во исто време, Вилијареал го добива Карлос Бака, додека Џанлука Лападула останува во Џенова, каде што лани играа како позајмени фудбалери.

23-годишниот Кастилехо игра во Вилјареал од 2015 година и имаше 30 настапи во Ла лига минатат асезона со шест гола. Лаксалт, кој блесна за Уругвај на СП во Русија, имаше 32 настапи за Џенова лани со три гола. 25-годишниот Уругваец е во Италија од 2013 година, откако претходно играше за Емполи и Болоња.

Scroll to Top