Top Sport

Човекот кој не „уништи“ во 2011, Наваро, конечно, замина во пензија

Шпанската кошаркарска легенда, Хуан Карлос Наваро ја заврши својат играчка кариера и се приклучи на водството на Барселона, потврдија од каталонскиот клуб.

„Хуан Карлос Наваро во новата сезона ќе биде дел од тренерсиот тим на Барселона, како што беше предвидено со договорот кој го потпиша во 2017 година“, се вели во соопштението на Барселона.

38-годишниот Наваро, Македонците најдобро ќе го паметат во мечот во полуфиналето на Европското првенство во Литванија, кога не „растури“ со 35 поени, погодувајќи од речиси секоја можна ситуација.

Наваро, кој беше познат по прекарот „Ла бомба“, за Барселона играше 20 години, од 1997 до 2007 и од 2008 до 2018 година со една година во НБА во тимот на Мемфис гризлис.

Scroll to Top