Top Sport

Милан ги продаваат Ребиќ и Ориги

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е крајно разочаран од однесувањето на Анте Ребиќ и Дивок Ориги и двајцата напаѓачи ќе бидат ставени на трансфер-листата ова лето, тврди „Ла газета дело спорт“.

Ребиќ воопшто не беше ниту на клупата при гостувањето со Јувентус, а од Милан потврдија дека тоа е „техничка одлука“ на тренерот. Пиоли исто така не е задоволен од поранешниот играч на Ливерпул, Ориги, откао тој не ги следел неговите инструкции во текот на мечевите.

Ориги во 1.187 минути постигна два гола оваа сезона, додека Ребиќ имаше три гола во 1.229 минути на теренот. Ориги е фудбалерот со највисока плата во клубот – 4 милиони евра по сезона и има договор до 2026, додека Ребиќ има договор до 2025.

Scroll to Top