Top Sport

Алкараз во стил до третото коло во Париз, крај за Стен Вавринка

Првиот носител и прв фаворит на Ролан Гарос, Карлос Алкараз имаше мали проблеми, но сепак го мина и второто коло на гренд слемот на земја, победувајќи го Јапонецот Таро Даниел со 6:1/3:6/6:1/6:2, а во третото коло е и втората носителка и шампионка од Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која со 7:5/6:2 ја победи својата сонародничка Ирина Шиманович.

Шпанецот тргна доминантно во првиот сет, но Даниел успеа да врати со бреј во вториот, за потоа првиот носител да се соземе и да ги освои следните два сета за да обеззбеди дуел со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој со 6:2/3:6/6:3/6:3 го победи Матео Арналди.

„Таро одигра одличен меч, тој секогаш е опасен противник. Не беше лесно да се справам со неговата игра, но и со ветерот, кој денеска пречеше. Прекрасно е да се игра на овој терен“, вели Алкараз.

Во најдраматичниот меч, Австралиецот Танаси Кокинакис во драматични пет сета го победи поранешниот шампион, 38-годишниот Стен Вавринка со 3:6/7:5/6:3/6:7(4)/6:3.

Scroll to Top