Top Sport

Милан го доби „гол-шоуто“ кај Емполи, Специја го „сопна“ Наполи

Милан со 4:2 го совлада Емполи за да ја оддржи разликата до својот градски ривал Интер на 4 поени на крајот на 2021 година, додека Наполи по големата победа во дербито над „росонерите“ благодарение на Елиф Елмас, доживеа неочекуван пораз кај Специја за сега да заостанува 7 поени зад лидерот.

Френк Кеси постигна два гола во првото полувреме за Милан да поведе со 2:1, по што Алесандро Флоренци и Тео Хернандез стрелаа во второто полувреме за 1:4 водство, пред Пинамонти во 84. минута од пенал да намали на 2:4.

Жуан Жесус си постигна автогол во првото полувреме, за Специја да стигне до шокантна 1:0 победа над Наполи, за да се одвои на пет поени пред Џенова во борбата за опстанок во лигата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top