Top Sport

Милан го добиваат поранешното „чудо од дете“ Пелегри од Монако?

Италијанските медиуми тврдат дека поранешниот голем талент на италијанскиот фудбал, Пјетро Пелегри е новото засилување за Милан, откако „росонерите“ се договорија со Монако за позајмица на Италијанецот.

20-годишниот Пелегри, кој е поранешен играч на Џенова, замина за Монако во јануари 2018, но низата повреди го примораа да пропушти една цела сезона и да одигра само 23 меча за францускиот клуб.

Пелегри пред три години стана најмладиот фудбалер во историјата на Серија А со два постигнати гола на еден натпревар, со само 16 години и 184 дена.

Scroll to Top