Top Sport

Магдебург го декласираше Вардар во финалето на „Хумел купот“

Вардар немаше сили да се спротистави на бундеслигашот Магдебург во финалето на „Хумел купот“ и на крајот загубија со 31:20 по катастрофалното второ полувреме.

„Црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот и имаа предност од 5:2 и 6:3, пред германскиот клуб да направи целосен пресврт и да стигне до 12:10 на полувреме. Стартот на второто полувреме целосно му припадна на Магдебург, кои со одлична серија поведоа со 18:13, по што разликата беше преголема за да достигне.

Единствена светла точка на турнирот беше тоа што вардарецот Жереми Тото беше прогласен за МВП на натпреварувањето.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top