Одличната сезона на Јосип Брекало во Торино ја забележиле во Милан и го „пикирале“ 23-годишниот хрватски репрезентативец како една од главните цели во летниот преоден рок, тврди „Тутоспорт“.
Брекало дојде во Торино како позајмен фудбалер од Волфсбург минатото лето, и имаше 7 гола во 31 настап во Серија А, но не сака да игра уште една сезона во „Граната“. Неговиот договор со Волфсбург завршува во 2023.
„Имавме повеќе состаноци со фудбалерот, неговиот агент и неговиот татко. Јасно ни кажа дека не планира да продолжи со Торино“, изјави директорото на Торино, Давиде Вањати.
Според „Тутоспорт“, Брекало може да биде замена за Жуниор Месијас, кој е пристигнат на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Кротоне, но можно е да биде вратен во клубот. За Брекало има интерес и во Премиерлигата, поточно во Вест хем и Саутемптон.
#Milan, ritorno di fiamma per #Brekalo ? https://t.co/SeVpIIQOJw
— Tuttosport (@tuttosport) May 18, 2022