Top Sport

Белјерин ќе го напушти клубот што најмногу го сака и ќе се врати во Арсенал

Ектор Белјерин ќе се врати во Арсенал ова лето по крајот на позајмицата во Реал Бетис и покрај очигледната љубов кон шпанскиот клуб и добрата сезона, потврди претседателот на клубот од Севилја, Анхел Харо.

27-годишниот десен бек имаше 32 настапи во сите натпреварувања со Бетис, освојувајќи ја титулата од Копа дел реј, но сега ќе се врати на „Емирати“, каде што нема сигурно место под Микел Артета.

„Ектор е фантастичен фудбалер и многу добра личност. Но, се работеше за позајмица и тој сега се враќа во Арсенал. За во иднина ќе видиме. Вистина е дека тој беше посветен на Бетис поради тоа што и тој и неговите родители се навивачи на клубот. Се надевам дека во иднина ќе ни се вкрстат патиштата“, изјави Харо.

Шпанскиот репрезентатитивец беше во солзи кога се прости со домашните фанови минатата недела при 2:0 победата над Гранада.

Scroll to Top