Top Sport

Милан го најдоа „човекот“ – Гатузо останува до 2021 година

Милан официјално потврдија дека Џенаро Гатузо потпишал нов договор, со што ќе остане на чело на „росонерите“ барем до 2021 година.

Поранешниот фудбалер на клубот го замени Винченцо Монтела на „жешката“ клупа и направи мал пресврт во формата на клубот.  Попладнево клубот потврди дека Рино потпишал договор со клубот за да остане како постојан лидер на тимот.

„Пристигна моментот во кој можеме да потврдиме дека Рино Гатузо останува наш тренер во следнтие три години. Ова беше една од најлесните одлуки кои ги направивме, откако во последните месеци тој заврши фантастична работа. Со Рино одиме на долгорочен проект во Милан. Моја е вината што толку долго се чекаше за потврда, бидејќи јас постојано патував некаде“, изјави генералниот директор на клубот, Марко Фасоне.

Се верува дека Гатузо ќе добие околу 2 милиони евра по сезона.

„Благодарен сум на можноста да покажам што умеам. Без Марко Фасоне и спортскиот директор Масимилијано Мирабели немаше да бидам тука, на клупата на славен тим како Милан. Се надевам дека наскоро ќе го вратиме Милан на високото место кое го заслужува“, изјави Гатузо.

Scroll to Top