Top Sport

Милан го победи Беневенто

Милан останаа во траката за пласман во Лигата на шампионите со победата над Беневенто од 2:0. По некомплетното 34.коло, Милан се вратија на второто место на табелата. Утре своите натпревари ќе ги одиграат конкурентите на Милан. Беневенто, бодовите за спас ќе мора да ги побара на друго место.

Милан не блескаа, но ја остварија целта. Дуелот го обележа враќањето на Златан Ибрахимовиќ во екипата на Милан.

Головите за Милан ги постигнаа Хакан Чалханоглу во шестата и Тео Ернандез во 60.минута.

Scroll to Top