Top Sport

Милан го потврдија доаѓањето на Бакајоко

Милан потврдија дека Тиемуе Бакајоко е новото засилување за „росонерите“, откако играчот од средниот ред ќе дојде како позајмен играч од Челси.

Бакајоко пристигна во Челси минатата сезона, но немаше најдобра сезона со „сините“, и откако не беше во плановите на новиот менаџер Маурицио Сари, дозволи Милан да го ангажира 23-годишниот Французин, кој ги помина медицинските тестови.

„Милан е пресреќен што може да му посака добредојде на францускиот играч од средниот ред Тиемуе Бакајоко, кој доаѓа на позајмица од Челси со опција за постојан трансфер. Бакојоко ќе биде претставен во Каза Милан на 17 август“, се вели во соопштението на Милан.

Scroll to Top