Top Sport

СЕХА-лигата се проширува со Стеауа

Извршниот одбор на СЕХА Газпром лигата одлучи да ја прошири регионалната ракометна лига со уште еден 10-ти клуб, ЦСА Стеауа од Букурешт, инаку актуелни вице-шампиони на Романија.

„Многу сме задоволни што го избравме и десеттиот учесник на СЕХА-лигата. Стеауа е двократен европски шампион со богата историја и се надевам дека натпреварите во главниот град на Романија ќе привлечат многу фанови“, Михајло Михајловски, претседателот на Лигата.

Ова е осма сезона на регионалното натпреварување на кое редовни учесници се македонските Металург и Вардар, а лигата почнува на 28 август, иако распоредот уште не е утврден.

СЕХА-ЛИГА, 2018/19

Вардар (Мкд)

Металург (Мкд)

Извиѓач (БиХ)

Мешков Брест (Блр)

Нексе (Хрв)

ППД Загреб (Хрв)

Стеауа Букурешт (Ром)

Татран Прешов (Свк)

Војводина (Срб)

Железничар (Срб)

Scroll to Top