Top Sport

Милан го потврдија Пакуета за 35 милиони евра

Иако се под закана од УЕФА поради прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), Милан потврдија дека потпишале договор со Лукас Пакуета од Фламенго за 35 милиони евра.

21-годишниот Бразилец се обврзува на петгодишен договор со „росонерите“ и ќе се приклучи на новите соиграчи на стартот на тренингот од понеделник по зимската пауза во Серија А. Спортскиот директор на Милан, Леонардо уште во октомври потврди дека има договор со Фламенго, но се чекаше стартот на зимскиот преоден рок да се комплетира договорот.

„Милан потврдува дека го ангажира Лукас Толентино Коељо де Лима (Пакуета) од ЦР Фламенго. Тој има договор до 30 јуни 2023 година. Роден во Рио на 27 август 1997 година, Лукас Пакуета почна во младинскиот тим на Фламенго пред да добие место во првиот тим, за кој постигна 13 гола во 65 настапи. Тој дебитираше во бразилската репрезентација на 5 септември 2018 во победата над САД“, се вели во соопштението на Милан.

Scroll to Top