Top Sport

Милан го потврдија пристигнувањето на Пелегри

Милан и официјално потпишаа договор со Пјетро Пелегри од Монако, на позајмица од една сезона со опција за купување, враќајќи го поранешниот талент на Џенова во италијанскиот шампионат.

20-годишниот Пелегри стана првиот фудбалер роден во 21. век кој постигнал гол во топ 5 лигите при 3:2 поразот на Џенова од Рома во мај 2017 година, а исто така стана и најмладиот играч кој постигнал два гола на еден меч со 16 години и 184 дена. По ова тој замина во Монако во јануари 2018 година, но повредите спречија да го покаже својот талент и имаше само 23 настапи и 2 гола за францускиот клуб

Италијанските медиуми тврдат дека договорот вреди 1 милиони евра и опција за купување за 6 милиони евра.

Scroll to Top