Top Sport

Атлетико се откажаа од Влаховиќ и го купија Куња

Атлетико Мадрид го комплетираа трансферот на Матеуш Куња од Херта Берли за 26 милиони евра, откако не успеаја да се договорат со Фиорентина за трансфер на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Шпанските шампиони потпишаа петгодишен договор со Бразилецот со клаузула со која Херта би добила 10 отсто од следната продажба на фудбалерот.

Куња е играч кој може да игра на повреќе позиции – како централен напаѓач, крило или традиционална „десетка“. 22-годишниот имаше одлична сезона со Херта и помога на бразилската репрезентација да освои злато на Олимпијадата во Токио, каде што постигна три гола.

Тој помина само сезона и пол во Херта, откако пристигна од РБ Лајпциг во јануари 2020 и одигра 40 меча за берлинскиот клуб со 13 гола и 10 асистенции.

Scroll to Top